(ВИДЕО) Заев: Промените ги градиме на здрави темели со граѓаните

Од:

Вчеравечер во Охрид, на дебатата во рамките на проектот „Визијата за Македонија“ се обрати претседатателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Промените мора да бидат изградени на здрави темели. Дајте конечно да покажеме дека од оваа наша мајка Македонија може да имаме достоинствено место за живеење на сите нас. Да ни останат овде младите, да не ни заминуваат надвор, во јабана, во туѓина. Да ги вратиме, дај Боже и оние кои заминале, оти ви тврдам со целото мое искуство кое го имам и во општественото живеење и во политичкото живеење, и во деловниот сектор, и во земјоделието, и како граѓанин, и како упатен човек, можеме да се гордееме со нашата земја со сето она што го имаме како ресурси и како потенцијал. Можеме рамо до рамо да ја изградиме Македонија, гордост на сите нас“, вели Заев.

1964777_10153760022592932_5608568829725365225_n

„Затоа посветено и внимателно да се посветиме овие месеци на градење платформа на којашто политичарите ќе дадат збор, ќе дадат ветување пред , за може да опстојат во идното реализирање на вистински програмски определби. Затоа настапивме со платформа, а не со програма. Платформа за да ја надополниме со сите граѓани ширум Македонија. Ќе држиме голем број трибини по државата, од коишто само 10-тина се во Скопје, а околу 20-тина се ширум Македонија. За да научиме повеќе, за да ни кажат луѓето суштествени потреби, за мерките да бидат вградени во еден документ којшто ќе биде преточен во Програма и наше ветување пред сите граѓани на Р.Македонија“, рече Заев.

12141683_10153760023992932_7659684207670197371_n

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски