(ВИДЕО) Заев: Пријателските односи меѓу двете земји се богатство и потенцијал за продлабочување на соработката и во многу други области

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска ја отпочна официјалната посета на Република Србија, во придружба на владина делегација во чиј состав се заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски,министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

По свечената церемонија на пречекот, Претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ и премиерот Заев се повлекоа на тет-а-тет средба.

Двете владини делегации, предводени од премиерите на Република Србија и Република Македонија потоа одржаа заедничка пленарна средба, на која се разговараше за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на пријателските односи.

На пленарните разговори, премиерот Заеви премиерката Брнабиќ, и двете делегации разговараа за интензивирање на некои од заедничките постоечките проекти, како и за соработката на проектите на коридорот 10.

Премиерот Заев истакна дека сѐ уште има простор за продлабочување на економската соработка, особено во делот на инвестициите за кои информираше дека Владата на РМ со новата економска програма нуди отворени можности на тој план. Двете делегации се согласија дека посебен интерес во оваа насока е поддршката на бизнис иницијативите во информатичките технологии, старт-ап компании, технолошките паркови и иновативни технологии.

Дигитализацијата е од интерес на двете земји, се согласија двете делегации, и Република Србија, како лидер во оваа област може да инспирира повеќе проекти за кои има интерес во Република Македонија, и кои, во голема мерка можат да олеснат соработката во повеќе сфери.

Соработката во дигитализацијата има потенцијал да ги олесни царинските формалности, роаминг комуникацијата и во голема мерка да ги олесни врските меѓу двете економии, бизниси и други проекти.

На пленарната средба меѓу двете делегации се разговараше за унапредувањето на заедниците на Србите и на Македонците во Република Македонија и Република Србија.

Двете делегации разговараа и за соработка во земјоделството со оглед на фактот дека двете земји имаат сериозни ресурси и потенцијали да бидат водечки земји во регионот, со заеднички проекти.

Претседателите на владите на Република Македонија и Република Србија ја афирмираа и идејата за заедничка седница меѓу двете влади и се договорија во таа насока да опточнат подготовки.

Претседателката на Владата на Република Србија се заблагодари за поддршката на Република Македонија за Србија во регионалните проекти и иницијативи.

На средбата се разговараше и за соработката меѓу двете министерствата за внатрешни работи во делот на заедничката контрола на границите во однос на мигрантските процеси, како и за други прашањаод инфраструктурно поврзување, односно за нови гранични премини за олеснување на секојдневието на граѓаните во граничните подрачја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски