(ВИДЕО) Заев: Правдата ќе ја стигне братучедско-кумската власт

Од:

Лидерот на опозизцијата Зоран Заев со сите пратеници, од пред парлемантот порача дела 24 декември ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во земјава, но и дека овој 24 декември е последен за Никола Груевски и неговата власт.

-Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми буџетот на граѓаните.

Тоа што го направија Груевски и неговите соработници го прават и сега. Затвораат врати за граѓанскиот сектор, бркаат новинари од Анкетната комисија каде треба да се соочат со вистината.

Заев рече дека напразно се мачи Груевски и дека е тешка раката на правдата.

-Граѓаните паметат и ќе паметат дека Груевски и неговата насилна и расипничка власт се осмели да ги исфрли од народниот дом. Таа правда ќе ги стигне братучедско-кумската власт и ќе биде поука никој повеќе да не се осмели да чепне по правата на граѓаните, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни