(ВИДЕО) Заев: Овој страв и сила кои се демонстрираат, нема да ги дозволиме

Од:

Целта на барањето средба со претседателот на Основниот суд Скопје 1 беше со цел да потврдиме дека нашата намера со протестот не е да вршиме притисок, туку да пуштиме силна порака да се почитува законот, да се охрабрат судиите да носат одлуки во согласност со законот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Овој суд припаѓа на друга власт, сосема независна власт и локалната е сосема друга власт, исто независна власт. Законот ги нуди сите аспекти на олеснителни околности кои оваа власт треба да ги има предвид, за да функционира и локалната власт.

Имаме човек кој не само не сака да побегне, туку се враќа назад, и добро е што е уапсен во Виена, не во Америка, што значи дека сака да се врати назад да се брани од слобода, рече Заев.

Тој кажа дека во судот предочиле што значи блокирањето на Центар.

-Колку што се важни одлуките на овој суд, но законот ги дава олеснителните околности-тоа се одземање патна исправа, хипотека на имот, еднаш неделно да се појавува на суд, предочивме дека и нашите имоти ќе ги имаат на располагање, нашите имоти ги нудиме, мојот стан, станот на Радмила Шеќеринска, на други наши членови.

Тој се враќа убеден дека не се огрешил пред законот, сака да го докаже тоа, рече Заев и испрати порака до МВР.

– МВР и обвинителството, чии челни луѓе се поставени од оваа влада, непочитување на презумпцијата на невиност, и леснотијата на испорачување за барање на притвор станаа пракса во Република Македонија.

-Сите носиме жолта трака на левата рака во Република Македонија , само прашање е кога ќе биде ставени под туш, фигуративно кажано. Овој страв и сила кои се демонстрираат, ние нема да го дозволиме, рече Заев.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ