(ВИДЕО) Заев: Ова е народна битка со докази во 21 век, горда битка за Македонија

Од:

Погледни Македонијо како се испишува нова страница! Се испишува страница за повторна борба за слобода и демократија во нашата земја! Како што рече Кочо Рацин: Силно светнал ден! Е, тоа е нашата мисија, почитувани граѓани, искрено, чесно, гордо, достоинствено, храбро и решително, заедно со нашиот народ, да ја дочекаме светлината на тој силно светнат ден во нашата Македонија, рече Зоран Заев синоќа во Велес.

Ова повеќе не е обична битка. Јасно им е на сите како бел ден. Не е партиска битка помеѓу СДСМ и ВМРО. Не е битка ниту на опозицијата против власта. Ова е битка на целиот слободарски народ против врхушката на власта. Ова е народна битка во 21-от век со докази, аргументи, со збор, со кренато чело, горда битка за Македонија.

Ова, почитувани граѓани, е битка на човекот за човека, битка за основните човекови слободи и права коишто се изгубени во нашата Македонија. Дочекавме во 21-от век, втора декада, цела Европа и целиот свет да покажуваат со прст кон нашата Македонија, дека е диктатура и владее автократски режим. До кое дереџе дозволивме да ни дојде државата!

Ајде заедно, здружено, сплотено, рамо до рамо, без разлика на етничка, религиска и партиска определба, да застенеме еден до еден, да си ја вратиме слободата и демократијата, да си ја вратиме земјата во рацете на нашиот народ. Заедно сите, да има што да кажеме и на деца и на внуци, дека сме биле овде, со својот народ, исправен, борејќи се за својата татковина.

Знам дека ќе успееме, знаат и тие од врхушката на власта.

Ајде да ги повикаме, да престанат да ја мачат Македонија, тие да ги поднесат оставките, а ние граѓаните, заедно, целиот народ, да ја трасираме новата иднина на нашата земја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата