„Своите деца, сме ги испратиле на крајот од светот! Сме ги спасиле од неправди! Од каде?! Од неправди во сопствената земја?! Од неправди во нивната родна земја?! Вака ли ќе продолжиме да живееме другари, пријатели, мајки, родители? Со јад?! Со немир?! Уште колку вака може да се издржи?!
Замислете да треба вака да живеете уште нови 4 години, дали можете да го издржите тоа? Дали сакате? Дали сакате уште 4 години режим?
Не сакаме! Еве го одговорот! Одговорот е на овој плоштад вечерва. Одговорот е во кренатиот глас во Македонија. Овој одговор овде, на овој плоштад вечерва мора да се слее во гласачките кутии на 11 декември, ако вашиот избор е живот во Македонија“, рече Заев.
„Ние имаме План за живот во Македонија!
Овој буквар, ќе го врати животот, и ваш, и ваш, и твој, и наш, и заеднички, животот во нашата мила Македонија.
Со овој План, ќе има живот во Македонија!
5 клучни работи ќе направиме.
1. Ќе се залагаме за повисоки плати. Мора просечната плата да биде не помалку од 30.000 денари, 500 евра. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Така, ќе има и за јадење, и за сметки, и за одмор, и за сето она што значи достоинствен живот.
2. Домашните фирми финансиски ќе ги поддржиме со 140 милиони евра народни пари директно од Буџетот! Така ќе отвораме нови работни места. Младите тука да работат.
3. Ќе ги насочиме сите пари кај граѓаните. Еве еден пример, 15 проценти од данокот на додадена вредност од фискалните сметки ќе го враќаме кај секој граѓанин. Тоа се 30.000 денари плус пари во секое семејство. Ќе има дополнително уште една плата во секое семејство. Тие пари значат една детска соба, тоа е радост на лицето на вашето дете.
4. Институциите ќе работат само за граѓаните. Како? Еве уште еден пример – секој кој ќе оди во јавното здравство ќе добие бесплатно болничко лекување. Нема да се плаќа повеќе во болниците.
5. И ќе има правда! Секој кој крадел од вас граѓаните, кој крадел од вашиот живот, ќе одговара! И не што ќе одговараат, има партите да ги вратат назад, парите назад коишто ќе дојдат директно до граѓаните на Македонија.
Затоа, овој План е враќање животот во Македонија! Овој план е враќање на вашиот живот! Си го сакате својот живот, нели? Си ги сакате децата овде во Македонија?! Поддржете го овој План и во оваа држава ќе има живот, ќе има живот за сите во Македонија!
Ова е План базиран на наука, историја и факти. Ако сакаме Македонија да функционира добро како сите успешни земји во светот, моравме да го собереме најдоброто од светот.
Вие знаете дека овој План не е бајка, како што вели Никола Груевски.
Од каде и би знаел Никола Груевски што е бајка, а што не е?!
Груевски не е ништо друго освен криминалец, бандит, мафијаш.
Оваа Влада не може да и донесе ништо добро на Република Македонија.
Со Никола Груевски нема напред!
Неопходни се промени за живот во Македонија!
И ќе има промени на 11 декември во нашата Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Прилеп.