(ВИДЕО) Заев од Куманово: Слободата заеднички ќе ја вратиме!

Од:

„Еве почна пролетта, а почнуваме и од Куманово, како што си е редот. Во историјата почетоците на борбата за слобода биле токму од Куманово и Прилеп.

Изминатите два месеци, ја отворивме Вистината за Македонија. Заедно со вистината, еве ни дојде и пролетта. А знаете дека во пролетта се враќа и среќата, се враќа и надежта, се враќа и желбата за добра иднина“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев од граѓанскиот собир – „Граѓаните заедно за вистината за Македонија“ којшто се одржа во Куманово.

„И еве, од овде, од Куманово, да ја најавиме долгоочекуваната македонска пролет. Ова e македонската пролет, почетокот е во Куманово. Ќе ја вратиме сите заедно, слободата и демократијата во нашата земја.

Почитувани граѓани, сите веќе знаеме што се случува во Македонија.

Kumanovo, Vistinata za Makedonija

Видовме што се случувало при сите изборни циклуси, без разлика дали се парламентарни или локални избори. Видовме како се носат пресуди во оваа наша Македонија. Како е да си правичен, ама ако не си на страна на власта, правда не можеш да добиеш. Сега знаеме зошто тоа било така. Ги видовме сите овие мега скандали, пљачка на ангро на овој наш народ. Додека тој осиромашувал, тие направија милијарди евра“, изјави Заев.

Zaev

„По цела Македонија, сите зборуваат за бомбите на опозицијата. Сите зборуваат за доказите и аргументите коишто ги споделивме со нашиот народ. Целата оваа храброст и одважност што се раѓа во Македонија, после долги години страв, уплашеност, угнетеност, замолченост, нé прават уште похрабри да истраеме во борбата којашто заедно ја водиме.

Но, кога ги гледам овие знамиња заедно, кога го гледам нашиот народ заедно, и Македонци и Албанци, и Срби, и Роми, и Турци, и Власи и Бошњаци, заедно, водени од поривот што го носат во душата, да си ја вратиме слободата и деморкатијата, е тоа дава и сила, тоа дава решителност и упорност, да успееме до крај“, рече претседателот на СДСМ, од Куманово.

Vistinata za Makedonija

„Храбри сме и решителни, но оваа битка не припаѓа само на опозицијата. Правото за борба за слобода е право на секој граѓанин. Ова веќе не е битка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ова веќе е борба помеѓу целиот наш слободарски наш народ и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ. Нема овде само СДСМ, нема овде само опозиција. Овде си требаме сите, ми требате сите, и најверојатно, ви требам и јас вам. Дајте рамо до рамо, заедно да ја извојуваме оваа битка на мудар и паметен начин, со збор, аргументи и докази, како што приликува во 21 век.

Vistinata za Makedonija, 03.04.2015

Затоа, сакам од овој слободарски град да ја испратам пораката и до пордджувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Како сте можеле и вие да знаете какво зло е во врвот и на државата и на вашата партија? Сигурно не сте знаеле. Сигурно она што го следите преку окупираните медиуми, тоа што се дозираше на целата нација, така и на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, јас не барам од вас лево да свртите, кога имате десна определба на вашата опција.

Јас барам од вас да не продолжите да бидете соучесници со она што го слушате со ваши уши, изговорено од сопствениот глас на Груевски во сопствените телефонски разговори“, вели Зоран Заев.

Vistinata za Makedonija,

„Барам од вас да се приклучите заедно да си ја ослободиме Македонија, а после тоа ќе продолжиме да се натпреваруваме во фер и демократска атмосфера, но исклучиво за интересите на Република Македонија.

Апелот и пораката е до сите. Овде нема партии, овде нема поединци, државата е заедничка и слободата заеднички мора да ја вратиме“, рече претседателот на СДСМ од граѓанскиот собир – „Граѓаните заедно за вистината за Македонија“ во Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја