(ВИДЕО) Заев од Кочани: Покажавме кој е креаторот на огромниот грабеж

Од:

Силна порака од Кочани. Во преполната сала на домот на културата, полна енергија и желба за промени, претседателот на СДСМ Зоран Заев кажа – Одиме кон победа. Заев пред присутните рече дека денеска Груевски е фатен на дело. Се покажа кој е креаторот на огромниот грабеж, на огромната пљачка на Македонија и нејзиниот народ.

Зарем ќе дозволите и понатаму некој да ја злоупотребува позицијата, зарем ќе дададете поддршка на таков човек – им се обрати Заев и на поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ.

Денеска јасно е. Кажавме и покажавме кој е креатор на оваа огромна пљачка, на Република Македонија. Почна со Македонска Банка, шемата се прошири преку Окта, Телеком… Продолжи да расте со оффшор компании кои се влезени секаде во Македонија. Се контолираат. Но, нема никој од надвор да дојде да и помогне на оваа наша земја. Затоа мораме ние заедно да го направиме тоа. Македонскиот народ ќе се избори за слобода, демократија и подобар живот на сите во Македонија – рече Заев.

Заев им се обрати и на гласачите Aлбанци, но и на политичарите.

-Ова е заедничка земја. Бев и во места каде доминантно живее албанско население. Велат соживот има, живот нема. Се жалат на истите пробеми. Сиромаштија, крпење ден за ден. Сиромаштијата не бира националност, верска припадност, таа е иста за сите. Затоа дозволете им на луѓето да гласаат како што чувствуваат и да изберат промени кои ќе им го подобрат животот – рече Заев.

Овации , аплаузи за кадидадот за претседател Стево Пендаровски. Кочанчани уште еднаш на нозе го скандираа неговото име давајќи му ја својата поддршка.

-330 илјади гласови се солидни, но не се доволни.Затоа во вториот круг таа бројка да ја дуплираме, да ја направиме 500 илјади гласови. На 27-ми заокружете 3 и заокружете 1 – рече Пендаровски.

z8

z7

z6

z

q5

q2

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски