(ВИДЕО) Заев: Обвинителството и Груевски признаа дека не постои дело поткуп!

Од:

Соочен со сопствениот очај, со цел да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите. Денес сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка. Оваа снимка единствено можела да протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР, вели Зоран Заев.

Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструинираната судската постапка, додаде тој.

Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост.

Од овие причини, го повикуваме Јавното обвинителство ВЕДНАШ да ја објави целосната снимка. На неа ќе се види дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни материјали.

Изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани и тоа преку донација на сметка на Храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на Храмот и нивно донирање и преку донирање на готови пари за купување на градежни материјали.

Во прилог ќе добите ЦД со моја изјава како го објаснувам начинот на финансирање на изградба на црквата и записникот за пријавување на обидот за поткуп и поднесената кривична пријава против Иван Николов.

Протекувањето на оваа и другите снимки набавени со ПИМ мерки во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот наредбодавател Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати