(ВИДЕО) Заев: Носам со себе победнички дух

Од:

Mоите социјалдемократи демонстрираа силна демократска зрелост, единство, сплотеност, и тоа за мене како претседател на партијата претставува огромна надеж за идното функционирање на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, рече новоизбраниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Се надевам дека овие први моменти во партијата ќе бидат следени внимателно од сите вас. Знам и разбирам дека сте расположени да нѐ следите во она што ќе значи првична кадровска понуда, но и понуда на вкупни политики на нас од СДСМ, сѐ што ќе имаме новоизградено како став или одлуки на органите и телата на партијата, ќе бидете веднаш информирани.

Дозволете уште еднаш, рече, само да се заблагодарам на сите делегати на Конгресот, на целото членство на СДСМ и на целата македонска јавност што навистина денеска се чувствувам горд што помина ваков Конгрес на СДСМ, што добивме позитивен одек на самиот старт толку важен за нас и се надевам дека во иднина ќе добиеме шанса од сите да покажеме тоа што го можеме.

Инаку, само да потсетам, јас го испорачав моето ветување пред моите социјалдемократи. Носам со себе победнички дух. Од денеска сум должен да го реализирам тоа свое ветување. Се надевам со сите наши активности коишто ќе претстојат ќе го скршиме режимот на Никола Груевски, со што пред сѐ и над сѐ ќе свртиме внимание кон нашите политики, коишто можеме да ги понудиме на граѓаните на Република Македонија. Прва и примарна задача е да бидеме силна опозиција во државата, а тоа секако дека ќе го постигнеме, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски