(ВИДЕО) Заев: Нема договор без преодна влада

Од:

По завршувањето на денешната лидерската средба изјава даде Зоран Заев, лидерот на СДСМ, додека Никола Груевски кажа дека ставот ќе го соопшти вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека нова средба ќе има на 26 мај, откако денеска не се постигна никаков напредок и поради тоа што се очекува да се види дали утре во Стразбур на двајцата лидери ќе им бидат претставени нови предлози.

Заев кажа дека без формирање на преодна влада во чиј состав нема да навлегуваат, не може да има напредок во преговорите.

– На масата беше ставен предлог за теми за разговор од страна на ДУИ, но секако имаше најавени теми и од страна на СДСМ, ДУИ и ДПА. Не разговаравме за овие прашања затоа што секако прво треба да се решат одредени прашања, а тоа се: принципелност во самите предлози, рамноправност и гаранција во спроведувањето на сето она што ќе биде договорено.Очигледно нема некој исчекор, но договоривме нов термин на 26 мај, знаејќи дека утре престојат средби во Стразбур, рече Заев.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања рече дека разговорите не стигнале до фаза во која би се разговарало за барањата на која било од страните.

– Се уште се разговара за принципите при влез во евентуални преговори, рамноправноста на сите во тие преговори, како гаранција за чесен пристап и фер однос на сите и гаранција за практично спроведување на она што, евентуално, би се договорило.

Според Заев неопходно е да се формира преодна влада за да се воспостави нормален систем. Таа влада би спровела слободни и независни избори.

– Нашиот став е јасен, бараме формирање на преодна влада, што е доволно широк термин и дава повеќе алтернативи. Таа преодна влада може да биде технократска од администрацијата, експертска, составена од експерти, може да биде и политичка. Ние го аргументираме нашето барање како независна институција која ќе биде влада во одреден период, заради враќање на сите состојби во нормала и подготовка на Македонија за предвремени парламентарни избори, рече Заев.

Љуан Треси од ДПА рече дека на лидерсакта средба неговата партија излегла со неколку предлози, но засега нема детали дали нешто од тие предлози е прифатливо или не.

– Секако и ДПА ќе има и свои точки за кои би се разговарало, овие точки ќе се договараат во телата на нашата партија, рече Треси.

По денешната лидерска средба од ДУИ не излегоа со свој став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски