(ВИДЕО) Заев: Не прекинувам со бомбите, украденото мора да го вратат

Од:

Ние ја ветивме цела вистина и таа ќе излезе до крај. Никој нема право да го сопре овој процес ниту да ја сокрие вистината, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за А1он, а по шпекулациите дека се врши притисок, опозицијата да прекине со објавување на снимените разговори.

За предлогот на претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски дека власта и опозицијата треба да направат меѓусебна амнестија, вели дека такво нешто не е можно.

Кој сум јас како политичар да зборувам за амнестија? Има Устав, има закон, не само што мора да паднат, мораат да одговараат за кршењето на законот. Има да го вратат сето тоа што е украдено од Македонија, постојат закони во Македонија, и се кое што согласно законот е украдено е надвор од она што е докажливо дека е заработено на чесен и законски начин, сетоа тоа има да го вратат.

Овде никој нема право да зборува за амнестии, или за замижување а се во функција на некој дијалог. Јас сум само еден граѓанин на Македонија, а важна е иднината на сите граѓани на Македонија.

Не може Заев да застане на другата страна, јас се борам против тоа. Согласно Устав и закон, секој што се огрешил, има да одговара, рече Заев.

Гледајте го интервјуто со претседателот на СДСМ, Зоран Заев кое ќе го објавиме во 20 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски