(ВИДЕО) Заев: Не е време за критики, ниту за сликања, време е за помош

Од:

Не е време ниту за критики, ниту за некои посебни други активности, не е време ниту за сликање, ниту за посебни изјави. Време е за конкретна помош на граѓаните. Овде сме собрани од СДСМ и неколку институции кои што се предводени од СДСМ, рече лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

– Општинските институции на Куманово, Струмица и Центар кои што доаѓаат со сопствени ресурси ги ставаат целосно на располагање на државниот штаб, на штабот на Град Скопје и на шатбот на Оптшина Гази Баба во функција на координирано и организирано помагање. Сите наши активисти од СДСМ кои што се овде со алатки за помагање ќе се распределат денеска во две групи, во Сингелиќ и во Стајковци. Продолжуваме утре во Булачани, Црешево и на други места. Дојдовме со неколку специјализирани возила за испумпување на вода и со технички води од противпожарните станици, тоа се десетина возила. Дојдовме со донаторска помош, пред се вода и прехрамбени продукти кои што ќе бидат поделени овде во регионот, се надевам дека ќе бидеме добро организирани затоа што недостасува организацијата при испорачувањето на помошта, рече Заев.

Заев кажа дека помошта ќе биде испорачана до домовите на поплавените и ги повика сите граѓани на било кој начин да се вклучат и да помогнат.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески