(ВИДЕО) Заев: Народот на тајно гласање да му пресуди на Груевски

Од:

Пораката ја испрати претседателот на СДСМ во Богданци, каде што е на средби попладнево.

-Само на пари мислат. Државата ние во прашање, рече претседателот Заев пред жителите на Богданци.

Нели се плашите, праша еден граѓанин.

-Додека сте вие со мене не се плашам, одговори претседателот Заев. За да ги промениме работите мора да се избориме, тоа е единствениот начин.

Луѓето кои дошле на оваа средба сакаа да слушнат дека промени се можни.
-Можни се, ако масовно излеземе на гласање и ако одлучиме како што ни е во душата, рече претседателот Заев. Ние сме на страната на правдата и вистината. А со правдата и вистината никој не излегол на крај.

Предвечерие на изборите. Претседателот Заев ги испраќа последните пораки пред утрешниот молк. Од врата на врата. Од човек до човек. А приказните на луѓето секоја за себе.

Една мајка подготвува свадба. Вели на првото дете му направила голема свадба, со 300 гости. На второто не може да покани повеќе од 60. И за нив, не знаеме како да обезбедиме пари, вели жената.

Видете во што живееме, ќерки моми имаме, навечер не можат да излезат од дома, една баднера со светло немаме, говори загрижен татко.

Имам 67 години. 10 години стаж не ми признаваат што ми следува. Ми велат тужи. Адвокатот 600 евра ми бара, се жали земјоделец.

Сиромав сум, ниту се плашам, ниту нешто можат да ми земат. Народот треба да се свести, коментира помлад човек.

-За стажот имаме мерка. Мора да ви биде признаен. Имаме низа на мерки што ќе донесат попристојна живеачка, објаснуваше претседателот Заев.

Во село Стојаково, активисти на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да провоцираат. Еден од нив упати вербална навреда. Додека претседателот на СДСМ зборуваше со жителите, гласна музика со химната на ВМРО-ДПМНЕ ечеше од возило паркирирано таму, со таа намена.

Нервозни се, коментираа луѓето.

-Има зошто. Откриени се, вели на заминување Заев. Повикува, ајде да ги промениме работите, заедно, можеме.

_DSC8517

_DSC8614

_DSC8559

_DSC8411

_DSC8407

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“