Кандидатот за градоначалник на општина Струмица Зоран Заев денеска се сретна со членовите на здруженијата на лица со посебни потреби. Во пријатна и опуштена атмосфера разговараа за досегашната соработка но и ги дефинираа и активностите кои ќе се реализираат во следните четири години. Членовите на здруженијата му се заблагодарија на Заев што во изминатите осум години беше постојано со нив и со бројните реализирани проекти придонесе во подобрувањето на условите во кои тие живеат и работат.
-Бевте постојано со нас, не помагавте и лично и нашите здруженија, досега тоа ниту еден од градоначалниците не го направил за нас, затоа ќе ве поддржиме како што тоа го правевте и вие постојано за нас, му порачаа членовите на здруженијата.
Заев им се заблагодари за поддршката и им вети бев и останувам ваш пријател.
-Разговаравме на многу теми, а имавме можност пред нив да ја презентираме и изборната програма за да ги видат сите оние сугестии што тие ги имаат дадено и се вклучени во тоа што ќе се случува во следниот четиригодишен период. Можам да констатирам дека општина Струмица е пред сите општини во Македонија во делот на соработката, во делот на очекувањата и барањата. Ние сме една од ретките општини која има изградено пристапни рампи насекаде, имаме поставено лифтови за лицата со посебни потреби, отворивме нови дневни центри, финансиски секоја година ги помагаме за да можат да функционираат, но имаме и лични трансфери кон нивните членови за нивните потреби. Се гордееме со тоа што го направивме досега, така ќе продолжиме и понатаму за да може лицата со посебни потреби да станат порамноправни со останатите членови во општеството, рече Заев.