(ВИДЕО) Заев на средбата со Билт: Ќе биде брзо избран нов претседател на Собрание и нова влада

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, поранешен премиер на Шведска и шеф на дипломатијата, Карл Билт.

Заеднички е констатирано е дека демократските процеси се неопходни за напредокот на Република Македонија и дека мора да се овозможат низ почитување на Уставот и законите од страна на сите политички субјекти и институции во државата.

– Парламентарното мнозинство ја презема обврската да го деблокира демократскиот процес во Парламентот согласно Деловникот, Уставот и законите. Ќе биде брзо избран новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Тоа е одлука на мнозинството граѓани, изразена на кредибилни избори и сите институции во државата се должни да обезбедат мирен трансфер на власта, рече претседателот Заев.

Нагласено е дека се недозволиви разгорувања тензии и насилства што се противуставно дело на штета на државните интереси и дека секој кој би се впуштил во такви активности ќе мора да понесе одговорност.

Претседателот на СДСМ објасни дека е формирано парламентарното мнозинство од 67 пратеници. Во најава е поддршка на новата Влада од 69 пратеници. Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија што обезбедува правда и економски перспективи за сите граѓани и евро-атлантска иднина на Македонија. И дека Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат право поради страв од соочување со правдата да ја загрозуваат егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата.

На средбата се разговарало и за недозволивите притисоци што ги прави власта во заминување врз невладнините организации, за опасноста од блокада на целиот систем на државата ако не се избере нов собраниски претседател кој треба да ги закаже локалните избори, како и за последиците што ги трпат граѓаните и фирмите на економски план, соопштуваат од СДСМ.

Заклучено е дека е потребно што побрзо да се реализираат неопходните реформи посебно во делот на обезбедувањето независно судство и независни институции во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања