(ВИДЕО) Заев на денот на ОН: Македонија ќе ја развиеме, децата ќе ни живеат тука!

Од:

„Ова е мојот роден град Струмица. Како и секој млад човек, и јас сонував за нејзиниот развој. Животот ми ја даде можноста да ја градам заедно со моите сограѓани. Денес Струмица е најразвиена општина во Македонија и една од најразвиените општини во регионот.

Успехот е меѓународно видлив. Градот има меѓународен сертификат за поволно деловно опкружување, за најдобри практики за успешен бизнис и успешна администрација, за уникатен пристап до новите и постоечките претпријатија. Го воведовме гасот како еколошки и евтин енергенс, изградивме добра инфрастуктура.

Денеска, на Денот на Обединетите нации, кога вниманието на државите членки е свртено кон развојните цели за: свет без сиромаштија и глад, за пристојна работа, намалување на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, економски раст, добро здравје, квалитетно образование, инфраструктура, чисти извори на енергија.

Ве повикувам заедно да им ветиме на сите деца во Македонија и на сите млади во Македонија:

Ќе го оствариме и нашиот заеднички сон за добар живот во Македонија!

Планот што го направивме заедно, ќе овозможи живот во Македонија!

Ќе ја победиме гладта и луѓето ќе ги извлечеме од сиромаштијата. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните. Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да обезбедат пристојна работа на вработените. Целта што ја зацртавме е достоинствена просечна плата од 30.000 денари. Ќе ја постигнеме со економски раст во државата. Со шанси за отворање нови домашни фирми, преку старт ап центри со бесплатен деловен простор, со 1 евро основачки капитал – секој со добра идеја да може да работи и да помогне и на други да работат.

Ќе ја намалиме нееднаквоста, оние кои имаат помалку, да плаќаат помалку за јавните услуги. Најзагрозените, ќе ги ослободиме од јавните давачки.

За добро здравје, ќе овозможиме јавно здравство достапно за сите и бесплатно болничко лекување за сите.

За образование што учи, ќе го намалиме бројот на предмети и ќе обезбедиме квалитетна настава.

Гасот ќе го воведеме во сите градови во Македонија, за чиста животна средина.

Стотици милиони евра ќе насочиме кон градинки, училишта, болници, патишта.

Успеавме во Струмица. Ќе успееме и во Македонија.

Република Македонија е членка на Обединетите нации и ве уверувам, ќе биде дел од глобалниот развој“, изјави Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница