(ВИДЕО) Заев: Многу брзо ќе има информации за тоа што всушност се случило со автобусот

Од:

Премиерот Зоран Заев по посетата на повредените во сообраќајната несреќа извести дека истрагата за настанот е во тек, а сериозни информации се очекуваат од возачот. Најави дека со јавноста ќе бидат поделени откако ќе се заокружи истрагата.

„Вчера истрагата почна. Јас информациите ги знам од министерот за внатрешни работи. Под раководство на надлежен јавен обвинител заедно со полициските служби беше направен увидот на лице место со сите техникалии поврзани со тоа. Возачот беше во свесна состојба, уште вчера се направени разговори со него. Веројатно заради начинот на пристап во истрагата оставено е преспивање па ќе продолжат разговорите. Претпоставувам дека возачот е лицето кое што може да даде сериозни информации, но и самите повредени. Откако ќе помине првиот бран на главниот аспект, а тоа е грижата за здравјето на сите, веројатно истрагата продолжува, штом ќе ги заокружат сите неопходни информации, ќе ги споделат со јавноста. Знам дека не само семејствата на загинатите и повредените, туку и сите ние граѓаните сакаме информации за тоа што всушност се случило и верувам дека тоа ќе се случи многу брзо“ рече премиерот Заев.

Во автобуската несреќа вчера попладне загинаа 14 патници кога автобус на „Дурмо турс“ на пат кон Гостивар излета од автопатот и се преврти во близина на селото Ласкарци. Од повредените патници 37 се задржани на лекување, а седум од нив се во критична состојба. Во автобусот, се уште неофицијално, иамо 51 патник.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски