(ВИДЕО) Заев меѓу лицата со посебни потреби на тортијадата во Банско

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, уште еднаш ја потврди својата огромна поддршка на лицата со посебни потреби. Тој присуствуваше на манифестацијата „Тортијада 2014“ која што по седумнаесетти пат се одржа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, а во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица. Градоначалникот Заев по десетти пат е покровител на оваа манифестација и во својот поздравен говор рече дека таа е уникатна и неповторлива, која нуди одлична можност за дружење и за стекнување нови пријателства.

-Навистина оваа традиција претставува едно неповторливо задоволство кое се случува еднаш во годината и сите заедно го споделуваме. Јас десет години имам чест да ја водам Струмица и десет пати по ред сум на оваа манифестација, заради тоа што е уникатна и неповторлива. Јас знам дека во ова тешко време, тешко е и да се организираат вакви манифестации, кои што пред се значат дружба, пријателство, споделување на среќни моменти и навистина комплименти за организаторите, здружението „Мобилност“ од Струмица, но и голема благодарност до сите кои што ја помагаат оваа манифестација за да може да се одржи, која што пред се и над се, секоја година ни остава незаборавни спомени. Јас сум убеден дека и оваа година сите ќе заминеме со нешто ново, со повеќе пријателства и незаборавни моменти, рече градоначалникот Заев.

На годинашната „Тортијада 2014“ од вештите раце на лицата со телесен инвалидитет беа направени и презентирани 11 прекрасни торти од исто толку здруженија од Македонија кои учествуваа на манифестацијата. Во нивниот изглед и вкус уживаа многубројните гости меѓу кои и членови на Советот на општина Струмица.

Лицата со телесен инвалидитет потврдувајќи ги своите слаткарски вештини, преку оваа манифестација упатија заедничка порака дека и тие можат и умеат, како и останатите членови на заедницата во која што живеат.

tortijada 7

tortijada 5

tortijada 4

tortijada 1

DSC_0509

DSC_0476

DSC_0451

DSC_0443

DSC_0442

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД