(ВИДЕО) Заев ќе бара продолжување на процесот против него во Стразбур

Од:

„Како што можете да видите, ние продолжуваме со барање на правдата и правичното судење, тоа што ни го дава законот како можност и Европската конвенција, членот 6, кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако беше осложено рочиштето за “Пуч“ и најави дека ќе бара укинување на аболицијата за него во повисоките судски инстанци па дури и во Стразбур.

„Ние од опозицијата поднесовме жалби на овие постапки, кои што се резултат на незаконската и неуставната, аболиција од Ѓорге Иванов, кое што само по себе, претставува преседан, да се аболицира сведок, да се аболицира странски државјанин, и мал милион дурги глупости во самиот акт.

Правото на правично судење го продолжуваме преку Апелација се до Стразбур, користејќи го членот 6 од Европската конвенција. Најверојатно ќе биде само по себе и преседан да има вакви процеси во Стразбур, некој да е аболициран и да бара тоа да се укине за да добие право на правично судење.

Не се откажуваме од правдата, рече Заев.

Македонија мора да ја врати правната држава“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер