(ВИДЕО) Заев: Ќе ме победите кога ќе работите повеќе од мене

Од:

„Со крената глава и чист образ стојам пред вас и се радувам на поддршката што ми ја давате, затоа што работевме заедно и многу во изминатите години за што сведочат делата реализирани во вашето, но и во сите останати села во струмичкиот регион“, рече Зоран Заев градоначалник на општина Струмица и кандидат за трет мандат вечерва на митинг во селото Просениково.

Тој потсети на изградениот водовод, на новото детско игралиште, на асфалтираните улици, на исчистените канали, а најави изградба на систем за фекална канализација, детска градинка, гасификација на полето со што земјоделското производство ќе стасува порано и ќе има поконкурентни цени на европските и светските пазари.

Заев им порача на жителите да не се плашат и да не потклекнуваат на заканите и уцените од власта, ги охрабри понудувајќи им правна помош на сите чии права на социјална помош, додаток за трето дете и детски додаток ќе им бидат загрозени во оваа кампања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија