ВИДЕО Заев: Ќе ја враќаме средната класа во Македонија

Од:

Со задоволство можам да кажам дека можеме да обелодениме дека создаваме документ во кој ќе ја враќаме средната класа во Република Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера во Берово, каде заврши пишувањето на програмата на оваа партија.

– Ќе се обидеме да создадеме стабилна, силна и голема средна класа во Република Македонија, уверени дека преку тоа ќе го зајакнеме животот на граѓаните – рече Заев.

Тој се надева дека документот силно ќе го привлече вниманието на македонскиот граѓанин.

– Програмата, која се подготвуваше подолго време, од идната седмица ќе биде презентирана пред јавноста, мерка по мерка, решение по решение, понуда по понуда и се надеваме дека ќе го свртиме вниманието на сите низ општините ширум Македонија, на стручните фели за областите за кои што ќе дебатираме и на сите граѓани кои што се заинтересирани да дебатираат по овој документ и секако да дадат свој придонес во неговата надградба – објасни Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски