(ВИДЕО) Заев: Ќе го укинеме персоналниот данок за земјоделците и ќе воведеме државна социјална пензија

Од:

„Денеска заедно со кандидатите за пратеници од струмичкиот регион, сум во мојот струмички регион.

Во дневната агенда, секако поручек веќе сме во источниот дел на Македонија Пробиштип и Штип, но секогаш дома е најдобро, поддршката е најголема.

Имавме можност да поминеме во неколку населени места, поминавме во Смоларе, поминавме во Самоилово, еве сме во Ново Село, продолжуваме во Секирник, во Турново, во Моноспитово, во Босилово“, рече Заев.

„Она што го гледам е, и во овој мој струмички крај се заминати млади луѓе,хара сиромаштија, разочарани земјоделци, а го имаме најработливиот крај во Македонија.

Овде земјоделието знаело да ја храни половина Југославија. Овие работници, луѓе бараат само фер шанса за достоинствен живот, со доволно пари, ко што ќе бидат платени од нивната пот, од нивната заработувачка.

Тоа што го испративме како порака до сите е дека доаѓа живот во Македонија. Доаѓа живот за сите!

И за земјоделците, и за работниците, и за младите, но и за пензионерите, и за сите во оваа наша земја.

Во земјоделството, коешто е најзначајна гранка од која што живеат најголем број на граѓани во овој наш струмички регион, најважната работа за новата власт ќе биде пласманот на земјоделското производство, оварање на новите пазари, зголемен натпревар помеѓу откупувачите кој ќе го плати повеќе за земјоделското производство, тој да го купи.

На тој начин ќе бидат повеќе платени производите со повисоки цени, а парите ќе останат кај граѓаните.

Субвенциите ќе бидат 160 милиони годишно, но тие ќе стигаат навремено, тогаш кога им требаат на земјоделците и ќе стигнат до вистинските земјоделци.

Да бидат навистина сериозна поддршка во земјоделието, персоналниот данок во земјоделството ќе го укинеме, ќе ја воведеме државната социјална пензија, но и ќе инвестираме во комуналната инфаструктура за да го направиме животот на село барем приближно еднаков во делот на инфраструктурата и она што значи секојдневно живеење на граѓаните со живтот во градовите во Македонија.

Јас сум убеден дека ако ни живеат, граѓаните којшто живеат на село, ако имаат пари, тогаш ќе ни живеат и градовите.

Ако земјоделецот има пари, можат да живеат и бутикџиите и продавачите, и пазарите во Македонија тогаш и градовите имаат пари, убеден сум во тоа и знам, сум работел земјоделие, потекнувам од овој крај, моите корени се од овде.

Бараме шанса да покажеме дека може да има живот во Македонија“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: 10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија