(ВИДЕО) Заев: Ќе ги поддржиме земјоделците со гасифицирање на струмичкото поле

Од:

Градоначалникот на општина Струмица и кандидат за трет мандат Зоран Заев со дел од кандидатите за советници, денеска во хотелот „Сириус“ имаше средба со претставниците на откупните пунктови на земјоделски производи од струмичкиот регион.

На средбата се разговараше за досегашната соработка и за идните планови кои општина Струмица ќе ги реализира, меѓу кои централно место има гасификацијата на струмичкото поле.

– Една од најзначајните активности што ќе се случуваат во наредниот период во општина Струмица е поддршката во земјоделството преку гасификацијата на струмичкото поле која ќе предизвика уште порано производство од раноградинарското кое го имаме досега.

– Следејќи ги модерните трендови, борбата и конкуренцијата кои постојат во отворените светски пазари, се надеваме дека Струмица ќе има предност и во иднина токму поради природниот гас кој што ќе даде силен допринос во пораното производство кое секако ќе има повисоки продажни цени на европските и светските пазари, а со тоа ќе останува поголема заработка пред се за земјоделците но, секако ќе овозможи и квалитетни можности за откупувачите кои се неопходна карика во земјоделското производство.

zaev-sredba1

– Исто така зборувавме и за легализацијата на одредени откупни пунктови низ целиот наш регион, зборувавме за нивните идни планови и развојни перспективи, донесувањето на урбанистичките планови кои се врзани со нивното проширување на откупните пунктови и сум среќен што неколку од откупувачите имаат намера да градат нови откупни пунктови во Струмица.

– Тоа само по себе потврдува убава економска тенденција за развој на земјоделското производство, се надевам со многу подобри перспективи во иднина. Со ова, општина Струмица во најсилниот дел од економијата, а тоа е нашето македонско, струмичко земјоделие ќе направиме дополнителни инвестиции и се надеваме дека ќе има силен импулс во економскиот развој на целиот струмички регион но, ќе има значаен аспект и во економскиот развој на Република Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија