(ВИДЕО) Заев: Изјавата за Монструм е погрешно интепретирана

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека веројатно е погрешно интерпетирана неговата изјава за германскиот весник Die Zeit, дека етничките Албанци кои се осудени за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилковското езеро се невини.

„Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско езеро или процесот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина“, рече Заев.

„Сомневањата се големи, нашата намера не е да ставаме квалификации, но секако вистината штом ќе ја обелодениме, граѓаните ќе знаат што во суштина покажува таа вистина. Дека постојат големи сомневања за тоа што се случило со случајот Монструм“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?