(ВИДЕО) Заев: Истата власт поднесува приговор на изборите и истата власт пресудува

Од:

„Политиката и правото само случајно имаат иста почетна буква и толку – така е во целиот свет, но кај нас во Македонија, по директива на ВМРО ДПМНЕ тие имаат многу заеднички нешта, тие се испреплетени до тој степен што политиката станува политиканство, а правото не е право туку нешто сосема друго.

– Едноумието во Македонија произведува неправди на секој чекор. Така е и со локалните избори во Струмица. Но знаете, бесконечност нема во ништо, а има крај СЕ. Да потсетам – власта е одговорна за спроведување на изборите, таа носи одговорност за тоа како ќе течат изборите. Кај нас во Струмица, истата таа власт поднесува приговор на изборите и истата таа власт пресудува. Беше сосема очекувано дека Државната изборна комисија со мнозинство гласови од ВМРО ДПМНЕ ќе донесе политичка, а не правна одлука за трите СМЕШНИ приговори за изборите во Струмица“, изјави на денешната пресконференција Зоран Заев, кандидат за градоначалник на Струмица, од „Сојузот за иднината“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија