(ВИДЕО) Заев: Груевски да понесе одговорност и да замине од политичката сцена

Од:

„Во нормална земја, политичари од таков калибар веднаш поднесуваат оставка и веднаш заминуваат од политичката сцена. Ние имаме и пример на премиер, во регионот, којшто е во затвор заради продажба на банка. Ова е неколкукратно посилно кршење на законите, заради тоа што е избегнат данок на Република Македонија и директно се работи за кеш, пари во готово,  коишто се земени и кршат неколку закони во Република Македонија,изјави претедателот на СДСМ, Зоран Заев по вчерашното презенатирање на снимката од телефоскиот разговор.

Жалам што реакцијата на премиерот, наместо да замолчи и да ги тргне валканите раце од Република Македонија, е дека тоа е монтажа, дека неговиот Прес центар, сигурно по негово укажување, вели дека дел од гласовите се на Груевски, а дел не биле.

Би рекол само дека нормално дека покрај Груевски таму се и гласовите на газда Нини и на соговорникот. Само еден дел се од Груевски, коишто недвосмислено, јасно покажуваат дека Груевски прави големи криминали и дека тоа е само почетокот на оваа криминална мрежа којашто денес управува со Македонија, рече Заев.

А, дали се монтажи или не, прво граѓаните имаа прилика да ги слушнат и секој може да донесе оценка. Ако му е потребно на Груевски да докажува дали се монтажи или не , снимките се јавно достапни насекаде, може да ангажира најсовремени институции од каде било во светот, да му покажат дали овие снимки се монтажа или не.

Секако, спецификата на гласот и на неговото зборување, дополнително потврдува дека не се работи ниту за монтажи, ниту за какви било креации, туку за одговорен пристап на опозицијата, којашто е должна се што има да сподели со јавноста. Така е и по закон, затоа што јавноста е должна да знае со кого си има работа, на кого би дала поддршка во иднина и како тоа би се одразило врз идниот живот на сите граѓани на Република Македонија.

Ако премиерот е инволвиран во ваков криминал, што значи за сите негови соработници, оваа мотивација, за дополнително да ја докусурат Република Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда