(ВИДЕО) Заев: Ги разгледуваме материјалите, можно е брзо решение

Од:

Доцна синоќа пристигнаа материјалите од ДУИ, работните групи го разгледуваат материјалот, за нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она коешто претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го во предвид и аспектот на потребата на граѓаните и од другите малцински заедници. Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Верувам дека со вака широко поставени рамки исправени со концептот едно општетство за сите верувам дека ќе се изнајде решение. Не можам да кажам кога тоа ќе се случи заради тоа што знаете дека не сме ние тие во оваа постапка коишто одлучуваат генерално. Пред се чекаме одлуки од страна на ДУИ. Еве синоќа дадоа одредено решение, го немам видено лично, но секако во најбрзо можно време ние веднаш ќе се изјасниме, вели Заев.

Тој изјави дека се уште го нема видено предлог законот од ДУИ и дека работната група, составена од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Рената Дескоска, потпомогната од доста експерти од партијата и надвор од неа, веќе работат на материјалот.Најважната работа според нив при вакви договарања е почитување на Уставот како и практичната потреба на граѓаните.

Бизнис заедницата порача дека мора да се донесе итно решение за кризата, лидерот на СДСМ се согласи со ваквиот став на заедницата и изјави дека уште вечерва треба да се завршат тие работи во интерес на граѓаните и земјата.

– Политиката не е лесна, но еве, она што можам да го кажам е дека во СДСМ не губиме време. Состанците беа отворени утрово од 8.30 часот, се носат одлуки и решенија. Сакаме да бидеме прагматични, но при тоа да не направиме грешки кои би ја чиниеле и економијата и граѓаните. Верувам дека е можно брзо да се најде решение. Во тоа име, верувам дека час поскоро треба да се добијат потписите, затоа што тогаш би влегле во онаа уставна рамка од 20 дена, но лично јас како една од страните која сака да разговара и преговара, верувам дека тие 20 дена можат и мораат да бидат скратени, рече Заев.

Како причина плус за забрзување на одлуките на политичките субјекти според Заев е и можноста за доведувањето на локалните избори во прашање.

– Се согласувам. И еве тоа го чувствувам како причина повеќе за да се забрзаат одлуките на политичките субјекти кои разговараат, заради тоа што рокот за распишување на локални избори е 70 до 90 дена. Ако тие се во првата половина на мај, на 7-ми или 14-ти мај, тогаш роковите за распишување на избори се наближуваат, тоа е 4-ти март или веќе на крајот на февруари тие треба да се распишат, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов