(ВИДЕО) Заев: Финансиски ќе ги јакнеме сиромашните на сметка на богатите

Од:

СДСМ ја започна дебатата за партиската платформа. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека преку повеќе активности, враќање на ДДВ на граѓаните, социјалните трансфери и цел пакет на мерки, пополека ќе јакне сиромашната класа, на сметка на богатите.

„Прашање е за колку ќе ги намалиме даноците за граѓаните, а за колку ќе ги зголемиме на богатите. Богатите имаат најлесен и најбрз пристап до националниот доход, па стануваат се побогати и побогати, а сиромашните се посиромашни и посиромашни. Сиромашните се околу 78 проценти од населението во Македонија.

Преку подигање на вкупниот приход во сeмејството треба да создадеме средна класа. Од вкупниот приход, кога ќе се извршат сите плаќања, треба да остане една третина за дискрециони трошоци, а тоа се пари за летување, зимување или на одреден број години, за купување на ново возило. Реален приход во семејство треба да биде од 45.000-50.000 денари“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија