(ВИДЕО) Заев: Државата ќе гарантира откуп на земјоделските производи

Од:

„Денеска сме во Росоман, пазарен ден е, имавме прилика да се видиме со многу луѓе коишто продаваат овде, но секако и луѓе коишто купуваат. Сето тоа што го зборуваат сите е исто, тежок живот, се нема пари. Ниту се задоволни тие луѓе што продаваат, ниту тие што купуваат.

Пуста сиромаштија е присутна насекаде по целата наша Македонија. Тиквешијата и оваа срцевина на Тиквешијата навистина блика со работлив народ, со чесен народ, со скромен народ, кој долги години живее во сиромаштија, а оваа година е посебно тешка.

Беше катастрофално со праските затоа што, навистина, ниту откуп се има, а луѓето велат, дури добро е тоа што измрзнаа за да ги фрлат самите праски. Мислам дека покрај праските, грозјето и остатокот од земјоделско производство коешто се обработува овде во овој земјоделски крај, е со катастрофални последици, пред се по откупот и по цените по коишто се продава.

На луѓето им стигаат секојдневно извршни решенија, секаков вид на давачки, извршители хараат по делот и на водата неплатена, и во делот на неплатени обврски од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, од Фондот за здравствено осигурување, од УЈП, па и радиодифузната такса е причина за блокирање на сметките.

Навистина, сите со еден крик заедно зборуваат дека ова мора да заврши. Конечна цел мора да ни биде да ги вратиме парите назад кон граѓаните. Доста долг период се цеди нашиот народ по секој основ, буквално последните пари ги трошат за давачки кон државата. Ова време завршува, уверен сум дека она што државата треба да го направи е пред се, да обезбеди пласман на тоа земјоделско производство.

Како што рече еден земјоделец, не очекуваме од политичарите да копаат, да вадат, да берат и да продаваат земјоделски производи. Нивно е да ги отворат пазарите, да обезбедат откуп и да направат конкуренција кој повеќе ќе плати да го купи земјоделското производство.

Отсекогаш овие скромни луѓе, овие земјоделци луѓе, овие наши сограѓани сакале едноставен, скромен, спокоен и слободен живот, верувам дека нивната мајка Македонија тоа може да им го овозможи!

На 11 декември ќе се случат промените! И благодетот и добрите перспективи токму и од овој крај на Македонија, нашата Тиквешија, Росоман и другите населени места ќе го дочекаат со голема позитивна желба и добри надежи за убава перспектива за во иднина“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носителка на кандидатска листа во ИЕ4.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД