(ВИДЕО) Заев: Чесен премиер ќе речеше – извади ги доказите

Од:

Немаме намера да отстапиме. Ова не се 5 теми за опозицијата да стане власт. Овие се 5 теми коишто мораат да гарантираат слобода и демократија во Македонија, коишто мора да ја гарантираат на крајот слободно изразена волја на граѓаните, што е врв во секоја демократија и од којашто се црпат правата да се управува во име и за сметка на државата, порача на трибината во Крива Паланка, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Од тука доаѓа генерирачкото право на власт, да управува во име на граѓаните и апсолутно, додека не гарантираме слободно изразена волја на граѓаните на избори, додека нема избори без страв, без закани, без уцени, без купување, без фингирање, без злоупотреба на `се што постои како можност со инструментите од страна на власта, нема потреба повеќе да се случуваат во Македонија.

И само ќе кажам, без разлика дали ќе се отворат преговори со власта или не, овие денови ги гледате сензибилитетите на реакциите на Парламентот. Без разлика дали ќе се отворат преговори помеѓу власта и опозицијата, вистината на граѓаните никој нема право да им ја сокрива. Имаме обврска да ја споделиме со граѓаните. Но, притоа имаме обврска тоа да го направиме на најможно внимателен начин за нашата Македонија. Оти не би биле опозиција, државотворна, којашто води грижа за државата, ако по која било цена, па и по цена на државата, направиме `се, само власта да замине. Ние сме различни од нив. И ние сме поинакви и ќе бидеме поинакви од нив. Ние постоиме за Македонија.

Убеденоста во овие докази и аргументи коишто потврдуваат дека не постои слобода и демократија во Македонија, дека не постои слободно изразена волја на граѓаните за време на избори е толку силна, што секако ни дава за право да го ставиме во залог нашиот политички кредибилитет како политичари.

Некој вели вака: „Добро Заев, го ставаш во залог својот политички кредибилитет, ако не успееш, ќе заминеш“.

Не, ставам `се што имам јас, овие луѓе околу мене како лидери на партии, раководството на општинските организации… `Се додека не успееме Груевски да замине ова нема да застане! Е толку силно веруваме во овие докази и аргументи!

И втора работа, многу важна, што треба да ја знаете.

Како тоа Заев, јавно, како прв човек во опозицијата, претседател на најголемата опозициска партија, јавно вели: “Ако ги соопштиме доказите за три дена Груевски треба да даде оставка, а притоа со наведната глава, но за жал и нашата глава ќе остане наведната“.

Во која земја го има тоа, претседателот на опозицијата толку силно да ја фрли ракавицата, а го нема премиерот никаде?! Чесен премиер, без тегови на душата, чисто кристално јасно поставен во општеството излегува и вели: „Ајде Заев, кажувај кои се доказите. Вади ги на маса“. Го нема? Го нема! Го нема заради тоа што знае колку му е валкано владеењето позади него“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема