(ВИДЕО) Заев – Брајовиќ: Црногорското собрание ќе биде меѓу првите што ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Од:

Црна Гора, нејзините политички лидери и народот на земјата беа и останаа постојано со нас, со поддршка за процесите на затворање на последните отворени прашања со соседите, што ги отпочнавме заради откочување на евро-атлантските аспирации на нашата земја. Убедени сме дека Црна Гора и понатаму ќе биде наш пријател и сојузник во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО, и земја партнер од која ќе се инспирираме од нивното искуство од преговорите со ЕУ.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на средбата денеска со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, кој е во официјална посета на нашата земја, додавајќи дека и двете земји остануваат посветени на продлабочување на билатералните односи пред кои стои широк спектар на можности, особено во делот на економијата.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на црногорското Собрание истакна дека неговата земја и народот се радуваат на успесите и напредокот на Република Македонија и нагласи дека собранието што го претставува ќе биде меѓу првите што ќе го потпише Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО.

Двајцата соговорници се согласиле дека и двете земји остануваат доследни на својата посветеност да ги поддржат позитивните процеси во регионот за да се затворат на задоволство на сите преостанати отворени прашања меѓу одделни соседи на Западен Балкан, и на Европа и на светот да му понудат регион подготвен да биде прифатен во европските и атлантските интеграции, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски