ВИДЕО: Заев апелираше за слободни и ненасилни избори

Од:

„Слободни и ненасилни избори се насушна потреба на Република Македонија без разлика кој ќе биде резултатот. Првиот приоритет мора да биде за сите нас тој, а вториот приоритет за политичарите треба да биде кој ќе победи“, рече Зоран Заев градоначалник на Струмица и кандидат за трет мандат на денешната трибина на невладината „Цивил“.

-Морам да пуштам силна и недвосмислена порака до сите учесници вклучувајќи ме и мене како кандидат на овие избори, нашиот народ е скромен и кроток народ и после 21 година демократија е демократски образован народ, да му оставиме можност уставното право целосно да го испочитува, да гласа онака како што мисли дека за него е најдобро. Прва и примарна цел на сите да ни биде фер, слободни и ненасилни избори, после тоа кој ќе победи нека му е со среќа.

Се надевам како и досега Струмица ќе остане одличен пример во Република Македонија за фер, слободни и ненасилни избори, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија