(ВИДЕО) Заев: Аферата „пасоши“ покажа дека нема држава и институции

Од:

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на трибината во Гостивар рече дека деновиве еден медиум објавува афера за издавање на пасоши во приватни станови, за кои се знае како можат да бидат искористени.

„Ја гледате Гордана Јанкулоска, вели никој не пријавил дека му недостасува пасош. На гранични премини не било тоа евидентирано. Таа има обврска да помогне во истрагата којашто ја отвора обвинителството, согласно законот. Таа е должна на внимателен начин да испорача професионалност и стручност дека сето тоа ќе се провери, ќе се види веродостојноста, а не уште првиот ден да вели монтажа. Кога проверија оти е монтажа? Кога видоа дали е монтажа? Да се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките што се излезени. Тоа само по себе најавува што тоа се случува во Македонија за време на избори. И од тие причини, уште еднаш, само оваа афера којашто ја вади Фокус, потврдува колку власта е несериозна, колку нема држава и државни институции и дека се е партија“, рече Заев.

Излегувањето на афери секој ден не може никој да го спречи.

„Тоа е резултат на нивното работење. Најверојатно морале така да се постават во државата и од денеска веќе гледате како на секој чекор се случуваат афери. Дел од нив сами продуцирани од нивните министри, дел ги вадат медиумите, оние малку што не се под контрола на власта. Но, огромен дел од граѓаните се охрабруваат и доставуваат информации, и кај нас како опозиција, доставуваат и кај медиумите“, реќе лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата