(ВИДЕО) За „Курир“ силното „Уааа“ на медиумите е А1 сценарио

Од:

За колегите од „Курир“, единството и револтот на новинарите, снимателите и фото-репортерите и силното Уаааа за спикерот Вељаноски, но и за сите кои ја оневозможуваат нивната работа, е дело на новинарите на СДСМ со А1 сценарио.

Пишуваат: Вториот човек во државата денес беше исвиркан од група новинари од медиуми блиски до опозицијата.

Дали не ги видоа и оние од Дневник, Утрински весник, Вест, Канал 5.

Парламентот на колегите од „Курир“ им наликувал на состојбата во А1 телевизија од декември 2010 година.

„Новинарите од згаснатата А1 телевизија сега работат во други медиуми, ама задачата им е иста и останати се под директна контрола на опозицијата“, пишува „Курир“.

Уште еднаш можат да ги погледнат снимките од медиумите, во кое се гледа единството на медиумите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми