(ВИДЕО) Вуинов: Сите ветени проекти на Дончев не се реализирани

Од:

Кандидатот за градоначалник на оштина Виница од коалицијата Сојузот за иднината, д-р Венцо Вуинов, во пресрет на локалните избори им се обрати на граѓаните.

„Моите политички противници искажаа куп невистини за мене и мојот тим. Велат дека сме воделе кампања на ниско ниво.Т оа не е вистина. Јас како кандидат за градоначалник сум должен да им ја соопштам вистината на моите сограѓани. Вистината е дека сите тие проекти што беа ветени од Градоначалникот, не се реализирани и дека денес, во 2013 година, општина Виница е неколкукратно позадолжена од 2009 година кога Емил Дончев седна на градоначалничката фотеља”, рече тој.

„Граѓаните на Виница,на Емил му дадоа неколку шанси.Беше директор на Шумското стопанство,директор на Комуналниот инспекторат во Скопје,директор на УЈП Виница и на крајот му беше дадена шанса да биде градоначалник на Виница.Сите сме сведоци како ги водеше тие институции.Денес општина Виница тапка во место.Јас како градоначалник имам визија и програма,да ја раздвижам општина Виница,што го презентирав на средните со Вас граѓаните”, додаде, Вуинов.

„Ве повикувам во недела ,на 24 март,масовно да излеземе на гласање,да се ослободиме од стегите кои сакаат да ни ги наметнат и да гласаме за луѓето кои сакаат да работат и домаќински да ги трошат вашите пари.Заокружете го бројот 42,до кој стои името Венцо Вуинов и бројот 42 за листата за советници на Сојузот за иднината а јас и нашите советници ќе ја оправдаме вашата доверба во наредните 4 години”, заврши Вуинов.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“