(ВИДЕО) Вуинов: Паркингот кај Калето почна да се распаѓа

Од:

Виничкото кале, каде што се пронајдени прочуените теракотни икони, е гордоста на виничани. Тоа е најпосетеното место од туристите кои што доаѓаат во Виница. Со изградбата на паркингот кај Калето, дело на актуелната локална власт, кој што за краток период почна да се распаѓа, се прашувам колку посетителите се безбедни да доаѓаат на ова место, вели кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината, Венцо Вуинов.

Се наоѓаме кај Виничкото кале. Оваа асфалтирана површина,предизборно ја направи Емил Дончев. Покрај тоа што е узурпирано приватно земјиште за кое граѓаните на општина Виница секојдневно реагираат, поради брзање за собирање гласови, фирмата блиска до локалната власт, во најкус временски рок го изгради паркингот за Калето. За неполн месец почна да се распаѓа, рече тој.

Тоа претставува опасност за посетителите бидејќи ако овде се паркира автобус, постои можност да се урне насипот на кој е направен паркингот.

Уште еднаш се потврдува дека без секојдневно работење нема успех, а проектите набрзина направени, се залудно потрошени народни пари.

Јас како градоначалник, ќе градам проекти низ целиот мандат, како тие би биле квалитетни и долготрајни и корист од нив би имале идните генерации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија