(ВИДЕО) Вуинов: Каде е игралиштето во Истибања?

Од:

Единственото дело во Истибања, за што е заслужен актуелниот градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Дончев беше преместувањето на спортското игралиште од градот во ова населено место, вели кандидатот за градоначалик, Венцо Вуинов.

Во моментов се наоѓаме кај гимназијата во Виница каде што постоеше игралиште за мал фудбал, донација од УЕФА. Како што можете да видете, тоа игралиште веќе не е овде. Со право се поставува прашењето: Каде е тоа игралиште?

Почитувани граѓани да ви одговорам:

Главен проект на актуелниот градоначалник Емил Дончев, во претходните 4 години за жителите на Истибања беше да го премести игралиштето за мал фудбал од гимназијата во Виница, во ова населено место. Вистински градоначалник треба да испорачува реални проекти.

Јас како градоначалник ветувам изградба на ново спорско игралиште во школскиот двор во основното училиште во Истибања а не како актуелниот градоначалник Емил Дончев кој што за придобивање на гласови манипулира со граѓаните и едно исто игралиште го преместува на различни локации.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември