(ВИДЕО) Вуинов: Градоначалник со лаги не бидува

Од:

Актуелниот градоначалник на Виница, Емил Дончев вети изградба на заобиколници во општината ама дела на повидок нема, вели кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината, Венцо Вуинов.

„На ова место, актуелниот градоначалник Емил Дончев вети изградба на заобиколен пат и уште еднаш излажа. Обиколница беше ветена и за населеното место Истибања. Бевме во Истибања, а обиколницата не успеавме да ја најдеме. Градоначалник со лаги не бидува.

– На моите виничани можам да им ветам дека ќе се залагам заедно со државните институции конечно и Виница да добие обиколница со што би се зголемила безбедноста на граѓаните, би се намалил сообраќајот и Виница би имала почист воздух.

– Проектите во нашата програма се реални, издржани и остварливи. Ние нашите граѓани нема да ги лажеме со проекти кои служат само за собирање гласови“, изјави Венцо Вуинов, кандидат за градоначалник на Виница од Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија