(ВИДЕО) Вуиќ: Немаше аудио фајлови во доказите, дали постојат треба да одговори некој друг

Од:

Во доказите на судењето за Чаушот, кој е обвинет дека изготвувал лажни лични документи и вршел прислушување немаше никакви аудио материјали, тврди адвокатот на Чаушот, Мирослав Вуиќ.

– Каде се тие фајлови и дали постојат треба да одговори некој друг, не ние. Се она што беше презентирано, се работи за фајлови и писмени докази во предметот, за прислушување нема во предметот, рече Вуиќ.

Тој истакна дека ќе поднесе жалба за одлуката Чаушот да добие 2 години и 6 месеци затвор.

Инаку, Чаушот е осуден за изготвување на дупликат лични документи, а во пресудата никаде не се споменува прислушувањето, за кое првично беше обвинет.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Апелациониот суд го укина притворот за братот на Чаушот

А1он

За Чауш 2,5 години затвор, за брат му една година

Ана Ололовска

Чауш: Разузнавачот Мајкл Цивик пере пари за синот на Митко Чавков

Емир Латифовиќ