(ВИДЕО) Волерс: Ниеден осуден за корупција во Македонија – не е смешно, тажно е

Од:

Амбасадарот на САД во земјава Пол Волерс преку пример во неговата земја за осуден гувернер за корупција направи паралела дека никој не е имун на законот без оглед на тоа на каква позиција е или од која партија доаѓа сакајќи да испрати порака за ситуацијата во Македонија.

Како пример Волерс ја даде Романија каде лани националната антикорупциска комисија испратила 910 поединци во суд, кај 797 лица имало конфликт на интереси, додека во Македонија за 2013-та истражи биле 228 случаи за борба против корупција и само седум биле обвинети.

Во Романија биле осудени 244 поединци или 27 отсто од вкупниот број, додека во Македонија седум биле обвинети без ниеда пресуда за корупција што според Волерс е смешно затоа што тоа покажувало дека во Македонија има нула корупција.

„Во Македонија во 2013-та Државната комисја за спречување на корупцијата истражи 228 случаи за борба против корупција и бројот не е воопшто мал во однос на големита на Македонија. Еден дел од нив беа препратени или седум беа обвинети а тоа е речиси ништо. Во Романија беа осудени лани 244 поединци или околу 27 отсто од вкупниот број. Колкумина беа осудени, седум беа обвинети но колку беа осудени-нула, точно нула а тоа значи дека корупцијата во Македонија е еднакава на нула и не е смешно повеќе би рекол дека е тажно“, рече амбасадарот на САД, Пол Волерс.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи