ВИДЕО: Во полициска акција пронајдено оружје, приведени 10 лица

Од:

Рано утрово од 4 до 8 часот во полициска акција во координација со Државниот пазарен инспекторат пронајдено е оружје и муниција на неколку локации низ државата, привдени се 10 лица информира Министерството за внатрешни работи.

– Во рамки на контролата утврдени се 6 кривични дела од кои 5 по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и 1 по член 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони. Исконтролирани се 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се 5 лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби. Воедно, при контролата одземени се 18 парчиња оружје и 111 парчиња мунициј, стои во информацијат од МВР.

Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава соопштува МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука