ВИДЕО: Во боите на спортските шампиони – МЗТ Скопје, Аеродром доби уште еден повеќенаменски спортски терен

Од:

Општина Аеродром деновиве завршува со реализацијата уште еден важен проект. Финализира реконструкцијата на познатата „Жути Арена“ која добива нови изглед и прераснува во повеќенаменски спортски терен кој е опремен со современи спортски реквизити. Обоен во боите на МЗТ Скопје и „Фемили Аеродром“, токму тука во Аеродром ова и секое наредно лето, сите ние ќе живееме и спортуваме со победничка енергија на шампионите во кошарка, велат од Општина Аеродроом.

„Проектот кој е целосно реализиран со средства од буџетот на Општина Аеродром опфати поставување нова подлога, целосна замена на реквизитите, заштитна ограда и трибини. Со завршување на оваа инвестиција, Аеродром на листата запишува уште еден реконструиран спортски терен, а граѓаните добиваат место подготвено за спорт и рекреација.

Реконструкцијата на „Жути Арена“ е потврда за заложбите на општината за промоција на здравото живеење и поддршка на спортот. Ова лето се гледаме на „Жути Арена“ и продолжуваме со инвестиции во проекти кои сериозно го подигнуваат квалитетот на живеење во Аеродром“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода