(ВИДЕО) Внукот на Гоце Делчев: Желба ми е да се отсвират двете химни на неговиот гроб

Од:

„Ова е тежок ден, ден на смртта и ден за кој била платена висока цена. Цената на животот и слободата која е најскапото нешто на светот“, порача внукот на најмалиот брат на Гоце Делчев – Христо, диригентот Христо Христов кој се поклони на гробот на неговиот чичко на 120-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер.

– Тоа е смрт за еден млад човек која ја платил со животот за слободата на сите. Ние сме родени за да бидеме слободни, сите да сте живи здрави. Тој се бореше за слобода на луѓето. Тие кои биле тогаш живи, се борел за нив да не бидат раја, да имаат човечки живот. Голема тешкотија е, веројатно треба да продолжат да се борат Македонците за својата слобода. Таа е нешто што треба да се дише постојано, додека си жив – рече Христов одбегнувајќи да каже дали Гоце е Македонец или Бугарин.

Дирегентот е разочаран од тоа што го гледа во двете земји и што е целосно спротивно од познатата мисла на Гоце Делчев дека „светот го гледа како поле за културен натпревар меѓу народите“.

– Не, тоа што го гледам е точно спротивното на неговата мисла. На денешниот ден јас, моја лична желба беше да направиме мирен и културен проект кој вклучува музичари од двете држави и да ги изведат химните на двете држави, но и да отсвират нешто од последниот дел на деветтата симфонија на Бетовен, „Ода на радоста“ која всушност е химна на Европа – рече тој.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски