ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието, ќе бара гласање за недоверба на Владата

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, само на тој начин тие ќе може да ја надгледуваат имплементацијата на реформските закони. Тој рече дека првиот чекор што ќе го преземе пратеничката група е покренување на прашањето за гласање недоверба на Владата.

„Извршниот и централниот комитет денеска ги разгледуваа начините како ВМРО-ДПМНЕ најефикасно да се спротистави на криминалната Влада. Донесовме одлука со учество во работата на Собранието жестоко да се бориме за секој предлог кој е во корист на граѓаните и да се спротиставиме против секоја штетна мерка“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање што ги предомислило да се вратат во Собранието, со оглед на тоа што пратениците се сè уште во притвор, Мицкоски рече дека најголем дел од математичките и политичките услови се исполнети.

Тој додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со аргументи ќе докажат зошто, како што рече, антидржавната Влада треба да замине. Според Мицкоски, оваа Влада станува запаметена како најнеспособноста досега.

Исто така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека разговорите за реформските закони се во финална при што биле прифатени голем дел нивни забелешки.

„По целосно финализирање на разговорите, кое се очекува следните денови, ќе инсистираме да добиеме писмени гаранции за нивна реализација, имајќи предвид со кого си имаме работа постои опасност овие закони да останат само на хартија“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ не биле во Собранието, СДСМ донеле дузина закони без консултација со опозицијата.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски