(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го достигна врвот на лицемерието, Заев аплаудираше кога се палеа фотографии од Иванов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ во врска со запалената фотографија на Заев.

„СДСМ го достигна врвот на лицемерието и потценувањето на јавноста.

Пред неполни две години Зоран Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од Претседателот Ѓорге Иванов. Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции.

Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт. Напротив, Македонците не се примитивци и имаат легитимно право да изразат револт и да се спротистават на тргувањето со највисоките национални интереси.

Срамно, дури и за СДСМ.

Граѓаните го паметат насилничкото и недемократско однесување на Заев. Македонскиот народ си ја сака Македонија и затоа оваа антидржавна и ненародна власт мора да замине“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал