(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Награди за Ковачевски за инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности

Од:

Доблеста и човековата големина се покажуваат со постапки и дела, а не со празни зборови. Како политички активна младина, го докажуваме ова, со тоа што се одлучивме да не бидеме некој што постојано ќе критикува, туку и некој кој ќе ја пофали успешноста, претприемачкиот дух и визијата за професиите на иднината. Македонија можеби навидум е мала земја, но истовремено е полна со таленти, кои ја открија тајната на успехот, збогатувањето во најбрз можен рок и оптимизацијата при користењето на социјалните мрежи, изјави Младен Јаневски, претседател на Комисија за животна средина на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– Можеби рафтовите со леб во маркетите се празни и народот нема со што да се прехрани, но една таква мала и неважна работа не смее да го засени фактот дека со само 26.000 евра, можат да се купат неколку стотина лајкови на Фејсбук. Наградата за инфлуенсер на годината, заминува кај премиерот Димитар Ковачевски – Таче, за најмногу пари инвестирани во развојот на културата на социјалните мрежи во Македонија.

Можеби на планетата Земја има седум континенти и речиси 200 држави, но тоа не значи дека со силен коалициски капацитет, сервилност и злоупотреба на функцијата, светот не може да биде истражен. Наградата за турист на годината, оди кај вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој покажа дека дипломатијата е само споредна работа за еден светски патник како него. Во фокусот на секоја успешна држава, каква што е Македонија во последните неколку години, е да се изградат што поголем број на згради и станови. Наградата за најдобар агент со недвижности, заминува кај првиот вицепремиер Артан Груби, за неговите лик и дело, и усовршувањето на преговарачките техники кои му ги донесоа најдобрите цени и зделки.

Големината на еден човек се докажува и според способноста за лично докажување во повеќе сфери и области. Покрај успешната инфлуенсерска кариера што чини само 26.000 евра, премиерот-инфлуенсер докажа дека истовремено може да се биде и совршен менаџер. Во духот на Европскиот зелен договор, борбата против климатските промени и ургентната потреба за зачувување на планетата, на Димитар Ковачевски му се доделува и дополнителната награда за најдобар менаџер во полето на алтернативните извори на енергија. Семеен бизнис во тесна врска со коалициските партнери е она што и е потребно на Македонија за да обезбеди сигурна иднина – рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски