(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Карпош 10 месеци тоне во ѓубре и смет

Од:

Стефан Богоев повеќе од 10 месеци е градоначалник и исто толку време Карпош тоне во ѓубре и смет. Кејот на Вардар е слика за неспособноста и неодговорното работење на Стефан Богоев, рече Теодора Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во изборната кампања Богоев секојдневно ветуваше чиста животна средина и редовно одржување на комуналната хигиена во Карпош, но откако стана градоначалник се испостави дека тоа уште една од голема лага со која ги изманипулира жителите на Карпош. Богоев уште еднаш го потврди начинот на кој функционира СДСМ, а тоа е едно ветува пред избори, а спротивното го прават кога ќе се дојде на власт. Наместо чиста животна средина, парк и место за рекреација, жителите на Општина Карпош добија голема депонија и упориште на многу болести и зарази, рече Андоновска.

Според неа, Богоев смета дека сликата за урбана скопска општина како што е Карпош треба да биде општина која е со хигиена на најниско ниво и тоне во ѓубре и смет.

– Недозволиво е во денешно време на само 5-6 километри од центарот на Скопје да имаме диви депонии кои се еколошка бомба и потенцијален извор на зарази. Богоев стана пример за не работа, неспособност и неодговорност. Откако Богоев е градоначалник општината е запуштена и ништо не се работи. Жителите на Карпош во изминативе 10 месеци освен лаги и празни ветувања на Богоев, ништо друго не видоа. Жителите на Карпош не заслужуваат нечиста општина полна со ѓубре и упоришта на зарази и болести, рече Андоновка.

Таа побара Богоев да се фати за работа и да почне да ги извршува своите обврски како градоначалник, да ги исчисти депониите и да почне да ги реализира ветените работи за почиста животна средина кој што веќе ги вети.

– Богоев доколку е неспособен и не знае да ги извршува обврските, има некој кој тоа го знае. Граѓаните на Карпош заслужуваат многу подобро, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он