(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гази Баба нема предвидени нови мерки против загадувањето

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ најнапред изразува поддршка за неправедно затворените граѓани од Општина Гази Баба во врска со настаните од 27-ми април.

Како мнозинство во советот на Општина Гази Баба сакаме да го искажеме својот револт поради што градоначалникот на Општина Гази Баба, господинот Борис Георгиевски нема предвидени нови мерки против загадувањето, а истите им беа главна тема во нивната изборна програма.

Бидејќи во изминатите два месеци не работеа на овој проблем се здобивме со титулата најзагаден град во светот, тоа е градот Скопје и најзагадена Општина Гази Баба.

Сакаме да потенцираме дека постојано го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ за непревземање на мерки и проекти во врска со загадувањето за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така обвинуваа дека вината за големите поплави кои ја зафатија Општина Гази Баба е проблемот во ВМРО-ДПМНЕ, а истите денес не предвидуваат никакви мерки за заштита од пороите“, изјави Елизабета Стојменова, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга