ВИДЕО: Владина делегација оддаде почит по повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври”

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот задолжен за подобрување на инвестициска клима за домашните компании, проф д-р Зоран Шапуриќ, по повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври”, денеска положи венец со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

Во составот на Владината делегација беа и Националниот координатор во Владата на Република Македонија за здруженијата на бранители, Стојанче Ангелов и Драган Василевски, советник за одбрана на Премиерот на Владата на Република Македонија.

Во честитката до граѓаните, министерот Шапуриќ подвлече дека „Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври“ нè обврзува заеднички да ги водиме нашите идни битки – за мир, за стабилност, за подобар живот во Македонија.

Истакнувајќи ја храброста на нашите револуционери, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, министерот подвлече дека македонскиот народ низ историјата секогаш бил определен кон западно-европските цивилизациски вредности и порача дека наша должност е да продолжиме по тој пат, патот кон НАТО и ЕУ.

Во чест на 23 Октомври – Денот на националната борба, денот кога во 1893-та година во Солун беше основана Македонската револуционерна организација (МРО), на споменикот на Гоце Делчев, симболот на македонската револуционерна борба, положија цвеќе и делегации на Собранието на Република Македонија, на Претседателот на РМ, на АРМ, на Сојузот на борците на РМ, како и претставници на МАНУ, на УКИМ, на политичките партии и на дипломатскиот кор во земјата.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „23 Октомври“

Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација

23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Катерина Ѓуровски

Доделување на државната награда „23 Октомври“

Денот на македонската револуционерна борба се одбележува под посебни услови поради пандемијата

Ана Ололовска

Ден на македонската револуционерна борба